Бектеши: Се рушат рекорди во делот на инсталирани соларни панели

55

Во завршна фаза, со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите.

Според министерот ова е рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега.

Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.

Фото: Pixabay