Бел тартуф продаден за 103 илјади евра

221

Продаден е бел тартуф за 103 илјади евра. Со тежина од 830 грама, тартуфот е најголемиот примерок на овогодинешната аукција во северна Италија, објавија локалните медиуми.

Традиционалниот фестивал во италијанскиот град Алба привлекува над 100.000 луѓе годишно.

Alba White Truffle Fair се одржува секоја година во втората недела во ноември во Кастело ди Гринзане Кавур од 13 век, место кое е заштитено светско наследство на УНЕСКО.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🎀 Chloe Tan 🍭 (@chloeetan)

Во 2019 година на фестивалот беше продаден бел тартуф тежок над килограм за 120.000 евра. Тогаш миризливата печурка отиде кај бизнисмен од Хонг Конг.

Во 2007 година, бел тартуф тежок 1,5 кг, пронајден од Италијанец во околината на Пиза, беше продаден на аукција во Фиренца за 288.000 евра.

Купувачот кој оваа година платил рекордна сума е италијански готвач кој води ресторан со три Мишелин ѕвезди во Хонг Конг.

Белиот тартуф е една од најскапите намирници во светот.

Ова е најреткиот и затоа најценетиот тартуф од сите видови на оваа печурка. Расте главно во Италија и Франција.

За негово пронаоѓање се користат специјално обучени кучиња.