Белата куќа со технолошки гиганти договара проширување на алатки за избегнување цензура

16

Белата куќа вчера одржаа состанок со претставници на Amazon, Google, Microsoft и други технолошки компании со цел да ги убеди да овозможат поголем пристап до алатки кои помагаат во избегнување на интернет цензурата.

Овие алатки, како VPN (виртуелна приватна мрежа), се користат во земји како Русија, Иран и Мјанмар каде што интернетот е строго цензуриран.

– Владата на САД им нуди помош на технолошките компании за да се овозможи поевтин сообраќај на податоци преку серверите за да се задоволат брзорастечката побарувачка за VPN апликации, финансирани од Отворениот технолошки фонд (OTF) поддржан од САД, изјави претседателката на овој Фонд, Лора Канингам.

– Во текот на последните неколку години видовме експлозија во побарувачката за VPN, главно поттикнати од корисници во Русија и Иран.

Во изминатата деценија рутински поддржувавме околу девет милиони корисници на VPN секој месец, а сега тој број е повеќе од четирикратен, рече Канингам.

VPN-овите им помагаат на корисниците да го сокријат својот идентитет и да ја променат нивната онлајн локација, често за да ги заобиколат гео-ограничувањата на содржината на Интернет или да ја избегнат владината технологија за цензура, преку рутирање на интернет сообраќајот преку надворешни сервери надвор од контролата на таа влада.

OTF конкретно поддржува VPN кои се дизајнирани да работат во земји кои го ограничуваат пристапот до интернет.

САД вбризгуваа значителни средства во VPN поддржани од OTF по руската инвазија на Украина во 2022 година.