Белгиска компанија ја презеде словенечка Sensilab

30

Белгиската компанија Vision Healthcare стана 100% сопствени на словенечката компанија Sensilab.

Со оваа аквизиција, словенечката компанија со 44 милиони евра ќе придонесе кон зголемување на прометот на белгискиот сопственик, којшто сега има пристап по повеќе пазари во источна и западна Европа.

Цената по којашто е реализирана оваа аквизиција не е позната.

Sensilab, чие седиште беше во Љубљана, е специјализирана за витамини, спортска исхрана и производи за слабеење. Некои од производите ги произведуваат сами, а дел ги купуваат. Своите производи ги нуди во 17 земји, а посебен пазарен удел има во Германија, Италија и Шпанија, како и на матичниот словенечки пазар.

Vision Healthcare со оваа аквизиција ќе си обезбеди приходи од над 200 милиони евра, како и оперативна добивка од 30 милиони евра. Од 300, со аквизицијата, го зголемува бројот на вработени на 700.

Фото: Pexels