Белград: Аеродромот Никола Тесла ќе добие тераса за набљудување на авионите

40

nikola-tesla-terasa-1

Патниците на аеродромот Никола Тесла во Белград во иднина ќе може да уживаат на тераса на покривот, од каде што ќе може да ги набљудуваат авионите. Ова е опфатено со адаптацијата на Терминал 1 на аеродромот Никола Тесла во Србија.

Двата влеза на овој терминал ќе бидат затворени, но шалтерите за прием на патници и багаж, како и пасошката контрола ќе работат регуларно во текот на реконструкцијата, пишува Tango six.rs.nikola-tesla-terasa“Ќе имаме вкупно 33 нови check in шалтери по реконструкцијата на зградата – 28 класични и пет self check in. Ги шириме капацитети бидејќи постојат реални потреби и на Air Serbia и на аеродромот“, изјави Саша Влаисављевиќ, вршител на должност генерален директор на аеродромот Никола Тесла.

Во адаптацијата е вклучен покривот, на којшто ќе има тераса, од каде што може да се набљудуваат авионите.