
Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“ (Wine Vision by Open Balkan) ќе се одржи од утре до 25 ноември на Белградскиот саем, каде што ќе се претстават повеќе од 600 домашни и странски изложувачи.
Официјалното отворање е закажано за сабота, во 10:00 часот.
Овој саем, кој се одржува по четврти пат, како што објави прес-службата на Владата на Србија, е резултат на иницијативата „Отворен Балкан“, која ги поврзува Србија, Северна Македонија и Албанија.











