Белград ќе забрани пуштање музика во близина на станбени објекти

14

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На првата градска седница во септември, Град Белград ќе донесе Одлука за забрана за пуштање музика од угостителски објекти во радиус од 150 до 200 метри од станбени објекти, што ќе им донесе повеќе мир на граѓаните, најави градскиот менаџер Горан Весиќ, пишува еКапија.

Тој изјави дека сега во градот важи одлука според која угостителските објекти што се наоѓаат во станбени згради можат да работат до 23 часот во работни денови, а преку викенд до 24 часот. Во иднина оваа одлука ќе важи и за оние објекти што се наоѓаат во близина на станбени згради.

“На тој начин ќе ги заштитиме граѓаните од бучава, но и да им овозможиме на угостителските објекти нормално да работат”, вели Весиќ.

Градскиот менаџер истакна дека ќе се усвои правилник којшто прецизно ќе дефинира каква заштита од бучава мораат да имаат објектите што пуштаат музика цела ноќ.