Белград на вода: До крајот на годината ќе бидат вселени 1.600 станови

175

Во комплексот Белград на вода до крајот на годината ќе бидат вселени повеќе од 1.600 станови, изјави претседателот на компанијата Eagle Hills, Мохамед Алабар.

“Нема сомнение дека Србија во овој момент е во процес на транзиција со цел да ги прошири видиците и да отвори бројни можности за своите граѓани и за економијата, горди сме што сме клучен партнер на тој пат“, рекол Алабар.

Главен дел од соработката, како што рекол тој, е познатиот Белград на вода и додава дека изградбата на тој комплекс го трансформира крајбрежјето на реката Сава, дополнувајќи ја со инфраструктура и атракции за градот.

“Урбаната населба на крајбрежјето на реката ќе донесе нов економски пулс и оптимизам за градот, што ќе ги забрза и поттикне и другите проекти. За шест години, откако го започнавме ова патување, интересот за купување недвижнини ги надмина нашите очекувања, па до крајот на годината ќе бидат вселени повеќе од 1.600 станови“, рекол тој.

Фото: Facebook