Белград, Сараево и Загреб водат во авијацискиот бум на Балканот

Аеродромите во Подгорица и Тиват забележаа силен раст во вториот квартал од 2025 година, позиционирајќи се меѓу десетте најбрзорастечки во поранешна Југославија, според податоците објавени од специјализираната веб-страница ExYu Aviation News.

Тиват го зголеми својот капацитет за 91.404, а Подгорица за 58.772 седишта, што ги става пред аеродромите во Приштина, Тузла, Бања Лука и Ниш.

Растот доаѓа пред летната сезона и укажува на зајакнување на Црна Гора како авијациска дестинација, според порталот „Инвестор“.

Белград, Сараево и Загреб растат најбрзо
Сепак, аеродромите во Белград, Сараево и Загреб остануваат лидери во растот на бројот на достапни седишта во регионот во текот на вториот квартал од 2025 година (април, мај, јуни). Белград води со 271.140 дополнителни седишта, благодарение на проширувањето на Ер Србија и Виз Ер. Ер Србија воведува пет нови рути што носат 91.487 нови седишта, додека Визер го зголемува капацитетот за 72.610 со префрлање на поголеми авиони (A321neo).

Следува аеродромот во Сараево со зголемување од 192.163 седишта, главно благодарение на „Рајанер“, кој воведе пет нови рути и донесе 87.026 дополнителни седишта. „Пегасус ерлајнс“ придонесува со уште 26.716.

Загреб е на третото место со вкупно 188.932 дополнителни места. „Рајанер“ го зголемува својот капацитет за 116.716, додека „Кроација ерлајнс“ додава уште 51.417, иако дел од тој раст е поврзан со линии што започнуваат дури во јули.

Покрај аеродромите во Подгорица и Тиват, силен раст забележаа и Сплит (+144.429), Скопје (+89.618), Љубљана (+75.301) и Дубровник (+67.994).

Меѓу аеродромите со негативен резултат, се издвојува Задар, со пад од 53.756 седишта, главно поради повлекувањето на „Рајанер“ во април. Осиек, Брач, „Еуровингс“ и „Аустриан ерлајнс“ исто така забележаа помал пад.

Податоците се информативни, точни од 5 мај и може да варираат како што се менуваат рутите, фреквенциите и типовите на авиони во текот на кварталот, според „ExYu Aviation News“.