Белградскиот аеродромот Никола Тесла оди под концесија на 25 години

22

aerodrom-tesla

Српските власти и акционерското друштво Аеродром Никола Тесла објавија Јавен повик на заинтересирани страни за концесија на белградскиот аеродром во траење од 25 години, пишува Tangosix.rs.

Според условите на концесијата, во повикот нема да може да учествуваат компании што веќе управуваат со аеродроми во радиус од 450 километри од Белград. Тоа, како што пишува порталот, значи дека од трка излегува компанијата ADP, којашто е еден од концесионерите на загрепскиот аеродром Плесо, како и турски TAV којшто управува со аеродромите во Скопје и Охрид.

Обврските на идниот концесионер ќе бидат: финансирање, развој во форма на изградба и реконструкција, одржување и управување со целокупната инфраструктура на Аеродромот Никола Тесла и извршување на формалната улога на операторот на аеродромот. Оној што ќе ја добие концесијата, ќе треба да регистрира правно лице на територијата на Србија на коешто, по добивање на концесијата, ќе премине правото на користење на целиот недвижен имот на аеродромот. По истекот на концесијата, имотот ќе се врати на Република Србија.