Фото: Bell helicopter
Производителот на воздушни летала Bell Helicopter дизајнираше електрично, самоуправувачко такси возило наменето за такси компанијата Uber, пишува Dezeen. Такси компанијата планира до 2020 година да воведе воздушна такси услуга во Лос Анџелес, во соработка со NASA.
Кабината ќе може да смести четворица, а слетувањето и полетувањето ќе биде вертикално. Летачкото возило ќе биде мешавина помеѓу хеликоптер, патнички дрон и мал авион. Ќе вклучува и бројни технологии како w i – fi, вештачка интелигенција, видео повици и безжично полнење.
Иако сè уште нема прецизна информација како ќе се движи леталото, се претпоставува дека електричниот генератор ќе го напојува гасна турбина.
Планот на Bell е да премине кон употреба на батерии во иднина, односно кога технологијата ќе биде доволно развиена за да ги замени резервоарите со гориво.