Bellabee – систем што помага за ослободување од стресот

25

Фото: IndieGoGo

Bellabee е систем што се носи на главата и се управува преку паметен телефон, а помага за полесно заспивање, намалувајќи го стресот.

Користејќи таканаречена неуротехноплогија, тој ја подобрува и концентрацијата и го смирува корисникот кога е вознемирен.

Апликацијата со којашто се поврзува Bellabee со телефонот е достапна и за Android и за IOS, а исто така може да се поврзе и преку Bluetooth.

Уредот всушност работи на тој начин што корисникот ја одбира посакуваната состојба на умот и телото преку апликацијата, а системот за кратко време му помага да го постигне тоа со помош на специјално дизајнирани аудио техники и методи.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Остин, Тексас и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 31.306 долари од потребните 30.000, а кампањата трае уште 3 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.