Белорусија на работ на банкрот

141

Меѓународната рејтинг агенција со седиште во Лондон, Fitch Ratings, го намали долгорочниот рејтинг на Белорусија од „CCC“ на „C“.

Ова ја носи земјата чекор поблиску до банкрот, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на агенцијата, пренесува novinite.com.

Намалувањето на рејтингот следи по одлуката на Советот на министри и Народната банка на Белорусија исплатите на обврските по еврообврзниците наместо во американски долари да бидат во рубљи, пишуваат бугарските медиуми.

„Ова е спротивно на обврските од договорот за обврзници, кој не дозволува порамнување во алтернативни валути“, нагласуваат од агенцијата.

Доколку еврообврзниците на Белорусија не се исплатат до крајот на грејс периодот на 13 јули, Фич ќе го смета за банкрот и ќе ја намали рејтингот на Белорусија на „РД“ (ограничен банкрот), а потоа на „Д“ (стечај). Таа ќе има таков статус додека Белорусија не ги нормализира односите со меѓународните кредитори“, предупредува агенцијата.