Белупо ќе гради нова фабрика за лекови

110

belupoХрватската фармацевтска компанија Белупо, која функционира во рамките на групата Подравка, во Копривница ќе гради нова фабрика за лекови.

Неофицијално, проектот ќе се релизира следната година, за кога е предвидено проектирање и изградба на фабриката. Ако ги поминат сите тестирања и инспекции, се очекува погоните да почнат со производство со полн капацитет во текот на 2016 година, пишуваат хрватските медиуми.

Новата фабрика ќе има производни капацитети поголеми за една третина од постоечките. Инвестицијата што треба да ја одобри Надзорниот одбор, ќе се движи околу 55% од приходот остварен минатата година, што е приближно 70 милиони евра во следните четири години.