Benjamin Brush – музичка четка што ги поттикнува децата да мијат заби

35

869cd29c5916e622ad201c5cc7238a60_original

Фото: Kickstarter

Лондонскиот бренд BleepBleeps и дизајнерското студио MAP создадоа паметна музичка четка што на интересен начин им помага на децата редовно да мијат заби, пишува Dezeen.

Четката е наречена Benjamin Brush и има своја кампања на платформата Kickstarter, каде досега има собрано 12.725 долари од побараните 10.000. Таа е дизајнирана да ги потсетува корисниците дека треба да ги мијат забите два пати на ден и тоа да трае не помалку од две минути.

Benjamin Brush има форма на конуси, направена е од силикон и е многу погодна за употреба како за деца, така и за возрасните.

На нејзината основа се наоѓа водоотпорен звучник којшто емитува било која одбрана мелодија од колекцијата на BleepBleeps со цел да ги поттикне корисниците да ги четкаат забите две минути. Четката, исто така, вибрира на секои 30 секунди и потсетува дека треба да се измијат сите заби во устата.

Горниот дел од четката може да се менува, а се користи најмногу една година. Влакната на Benjamin Brush за разлика од обичните четки за заби се направени од мек силикон што не дозволува крварење на непцата.

Музичката четка може да се нарачува на Kickstarter по цена од 50 долари, а се очекува да почне да се продава во јануари 2018 година по цена од 89 долари.