Bentley со рекордна продажба во 2022 година

59

Бентли минатата година продаде рекордни 15.174 автомобили ширум светот, што е раст од четири отсто во споредба со 2021 година.

Најпродаван модел, секако, е теренецот Bentayga, кој учествуваше со 42% од продажбата на компанијата. „Continental GT“ и „GT cabrio“ го заземаат второто место, со 30 проценти од продажбата.

Најмногу автомобили беа продадени во Америка, каде што продажбата се зголеми за помалку од еден процент, но учествуваше со 28 проценти од продажбата (со 4.221 продадени автомобили).

Континентална Кина, Хонг Конг и Макао се втори, со 4.033 автомобили. Европа беше трет регион со 19% од продажбата.