Бензините и дизелот поскапуваат за денар

11

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.

Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари, така што килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, во просек е за 1,23%.

Одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати РКЕ ја донесе врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.