Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за еден денар

34

benzinЦените на горивата поскапуваат за еден односно 1,5 денари од ноќеска на полноќ, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари и ќе изнесуваат 79,50, односно 81 денар за литар.

Во следните две недели на бензинските пумпи по повисока цена за еден денар ќе се точи и дизел горивото, па така новата цена на Еуродизел (Д-Е V) е 67 денари за литар.

Пораст од еден денар има и кај малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство, кое што ќе се продава по 55,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,456 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 39,621 ден/кг.