Бензините поскапуваат за 2,50, а дизелот за денар и половина

47

benzin

Бензините од ноќеска ќе се продаваат по цена повисока за 2,50 денари, додека кај дизелот поскапувањето е од денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 60,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупес БС – 98 ќе биде 62,50 денари. Дизелот поскапува за 1,50 денари, па еден литар ќе чини 45 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 33,50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,139 ден/кг и со тоа цената изнесува 16,837 денари за килограм.