Бербок: Северен тек 2 не е целосно усогласен со правото на ЕУ

90

Гасоводот „Северен тек 2“ треба да биде целосно усогласен со европското право за да се добие позитивно мислење од германскиот регулатор, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Ние јасно кажавме во коалицискиот договор дека европските закони се применуваат на енергетските проекти во Германија, а тоа секако се однесува и на Северен тек 2“, рече Бeрбок на прес-конференција во Киев, која ја пренесе Германски ТВ канал Феникс.