
Беркшир Хатавеј во саботата објави зголемување од 6% на оперативната заработка во вториот квартал, поставувајќи нов квартален рекорд.
Генерално, конгломератот управуван од еден од најпознатите светски инвеститори, Ворен Бафет, забележа профит од 35,9 милијарди долари во споредба со загубата од 43,6 милијарди долари во истиот период минатата година.
Ова најмногу благодарение на добивките во берзанското портфолио на компанијата, од кои се издвојува онаа направена со акциите на Apple. Откупот на акциите на Беркшир во вториот квартал изнесуваше 1,4 милијарди долари, што е помалку од првиот квартал. Компанијата го намали и својот удел во акциите на Шеврон, но сепак има најголем удел во акциите на Apple.
Паричната позиција на Беркшир се зголеми на 147 милијарди долари на крајот на јуни, додека вкупната актива на компанијата надмина 1 трилион долари.
Фото: Pixabay











