Берлин добива зграда што го прочистува воздухот

21

chau43a_2677-1140x650

Фото: Studio Libeskind

Архитектот Даниел Либскинд креираше станбена зграда што го прочистува воздухот, пишува Inhabitat. Sapphire е градба со футуристички изглед и се наоѓа во Берлин. Составена е од камени плочи со строга геометриска форма, обложени со слој од титаниум диоксид којшто ја елиминира нечистотијата кога ќе биде изложен на сончевите UV зраци.

На кристалната фасада доминираат аголни прозорци и кантирани ѕидови коишто креираат балкони и интимни надворешни катчиња за сите апартмани.

Изгледот на некои од прозорците е креиран со цел да се совпадне со неправилниот облик на волуменот, додека останатите се со стандардни димензии. Горните катови се резервирани за живеење, додека на приземјето се наоѓаат дуќани. Зградата има подземен паркинг и заеднички надворешен простор.

Фасадата е направена од 3.600 специјални италијански плочки (Casalgrande Padana), од коишто 500 се со стандардна големина, а другите 3.100 се модифицирани. Секоја плочка е специјално позиционирана за да одговара на визијата на архитектот, а за инсталацијата беа потребни четири месеци.