Берлин планира да тестира лебдечки воз

68

Градот Берлин планира да тестира воз со магнетна левитација (маглев) на патека долга пет километри, изјави претседателот на фракцијата на Демохристијаните (ЦДУ) во градското собрание, Дирк Штетнер.

Тој очекува дека „лебдечкиот“ воз ќе биде поевтин и дека изградбата на пругата ќе потрае помалку од изградбата на нова подземна железничка линија“, рече претставникот на берлинската ЦДУ.

„Возот ќе сообраќа без машиновозач“
„Покрај тоа, интересна е информацијата, особено ако се земе предвид хроничниот недостиг на работници во берлинската јавна сообраќајна компанија БВГ, дека возот маглев ќе сообраќа без машиновозач“, нагласи Штетнер.

Берлинските медиуми јавуваат дека социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц се согласиле со тој план.

„Изградбата на тест патеката ќе чини од 80 до 85 милиони евра“
Изградбата на пробната патека ќе чини, според Штетнер, од 80 до 85 милиони евра, а ќе се финансира од посебен фонд вреден пет милијарди евра за проекти кои треба да ги ублажат климатските промени. Функционерот на ЦДУ не соопшти детали за трасата, а не се знае ни кога треба да почне изградбата.

Западен Берлин имаше од 1984 до 1991 година кратка M-Bahn линија за магнетни возови, која првично беше тест проект, а потоа накратко беше вклучен во редовниот сообраќај. По обединувањето на Германија, проектот беше напуштен, забележува агенцијата dpa.