Берлин се подготвува за национализација на Роснефт

Германската влада се подготвува за евентуална национализација на имотот на руската компанија Роснефт во таа земја, во која е вклучена и рафинеријата Швед, велат владини извори во Берлин.

Според весникот Handelsblat, германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а во разговорите на таа тема учествувале и претставници на руската компанија, пренесува Insider, повикувајќи се на Reuters.

Сè уште не е донесена одлука дали се ќе биде завршено со споменатата формална процедура за национализација, која германската влада има намера да ја спроведе.

Берлин го стави под надзор имотот на Роснефт во Германија, вклучително и нејзиниот удел од 54,17 отсто во берлинската рафинерија Швед, во септември 2022 година, поради рускиот напад врз Украина.

Оттогаш, надзорот е продолжен двапати, завршувајќи во септември минатата година, а таа мерка истекува во март, кога Владата треба да донесе нова одлука.