Берлинале ја скратува својата програма поради штедење

61

Берлинале, еден од најголемите филмски фестивали во светот, најави драстични мерки за штедење. Следната година програмата ќе биде скратена, со помалку филмови и укинување на цели сегменти.
„Културните институции и фестивалите, како и другите области на општеството, се погодени од значително зголемување на трошоците, додека буџетите останаа исти“, објавија во вторникот продуцентката Мариете Рисенбек и новинарот Карло Шатријан, менаџери на Берлинале.

Анализата што ја спроведоа покажа дека е неопходно намалување на програмата и организациска реконструкција.

Ќе има помалку филмови за речиси една третина. На 74. Берлинале од 15 до 25 февруари идната година ќе бидат прикажани околу 200 филмови, додека лани беа 287. Освен натпреварувачкиот дел, сите останати чекаат заштеда.

Меѓу сегментите што се откажуваат се „Перспектива на германската кинематографија“ и претходната редовна програма на филмски серии.

Меѓу најважните фестивали, како Кан или Венеција, Берлиналето традиционално бележи најголем одзив на публиката. За овогодинешниот фестивал беа продадени околу 320.000 влезници, што е блиску до бројките пред пандемијата, со 330.000 влезници за 2020 година.

Фото: Facebook