Берзата во Токио за првпат во историјата целосно го запре тргувањето за цел ден

120

Хардверски проблем предизвика берзата во Токио (Tokyo Stock Exchange – TSE) за првпат во својата историја целосно да го запре тргувањето за цел ден.

Берзата објави дека техничкиот проблем настанал поради проблеми со хардверот. Резервниот уред не успеал да проработи, што оневозможил дистрибуција на берзанските информации, пишува CNN.

Застојот влијаел и на помалите јапонски берзи во Нагоја, Фукуока и Сапоро, кои го делат истиот трговски систем како и TSE.

Еднодневниот застој претставува значително нарушување на берзата, која вреди околу шест билиони долари и е најголема во светот по американската и кинеската, според статистичките податоци собрани од Светската берзанска федерација.

TSE соопшти дека го заменува хардверот за да обезбеди нормално тргување од петок.

Берзата соопшти дека искрено се извинува за непријатностите нанесени на инвеститорите и луѓето поврзани со берзата.

Фото: Pixabay