Берзите во Европа црвенеат – златото се држи на 4.325 долари

Цените на нафтата од типот Брент денес пораснаа на повеќе од 95 долари за барел, а европските индекси паднаа по новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Вашингтон изврши нови напади врз Иран, а Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Кувајт, Јордан и Бахреин, сојузниците на Америка во регионот.

Фјучерсите на нафтата од типот Брент во Северното Море за испорака во ноември во еден момент пораснаа за 0,81 проценти на 95,42 долари за барел, додека американската WTI доби 0,45 проценти на 90,63 долари, објавува CNBC.

Аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на војната на Блискиот Исток ќе ги одржи цените на нафтата на покачено и многу нестабилно ниво.

Според податоците од 9:30 часот наутро, германскиот берзански индекс DAX забележа пад од 0,18 проценти, францускиот CAC 40 за 0,27 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,24 проценти, миланскиот FTSE MIB за 0,05 проценти, а московскиот MOEX за 0,69 проценти.

Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 74 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,15727 долари.

Цената на златото малку се намали на 4.325,95 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 7,4864 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27.216 кг).