Берзите за дијаманти на Израел и Дубаи договорија стратешка соработка

35

Берзите за дијаманти на Израел и Дубаи потпишаа договор што треба да ја поттикне соработката и директната трговија меѓу земјите, пренесува Ројтерс.

Договорот беше претставен само два дена откако Израел и Обединетите Арапски Емирати потпишаа историска спогодба за нормализирање на односите и продлабочување на економската соработка.

Како дел од договорот берзата на дијаманти на Израел ќе отвори своја канцеларија во Дубаи, а истото ќе го направи и берзата во Дубаи и тоа со отворање на канцеларија во Рамат Ган, градот од каде што потекнува израелската берза на дијаманти.

Израел е еден од најголемите извозници на дијаманти во светот, а Дубаи преку своите слободни зони и добра бизнис клима, стана еден од најважните центри за дијаманти во светот.

Фото: Pexels