Бесими: Годинава повеќе нема да се издава еврообврзница

78

Оваа година повеќе нема да се издава Еврообрвзница, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Наместо да имаме вторпат издадавење еврообврзница, оваа година повеќе нема да имаме издавање еврообврзница, оттаму што веќе две години се преговара за поволни услови за финансирање на буџетот. Тоа е преку макрофинансиска помош од Европската комисија, потоа преку Светска банка со сто милиони евра и ОБЕ со 150 милиони евра за закони што веќе сме ги поминале во Влада и Собрание. Тоа се 90 милиони евра од Германската развојна банка, како и други потенцијални финансирања, како од Банката на Совет на Европа за буџетска поддршка за наредната година до март и 170 милиони евра од Меѓународниот монтетарен фонд, рече Бесими на прес-конференција.

Појасни дека поголемиот дел од денеска одобрените кредити се со над десет години отплата и грејс-период од четири до пет години и каматна стапка за 4 процентни поени во просек пониска споредбено со она што сега се плаќа преку обврзниците.

Според она што го посочи, вкупниот износ од 600 милиони евра, наредните пет години нема да се плаќаат воопшто рати за кредитното задолжување, а само преку каматата ќе има заштеда до 25 милиони евра годишно.

– Наместо да се плаќаат рати наредните пет години, тие средства ќе ги користиме за проекти. Тоа се програми што две години се преговарани со меѓународните финансиски институции и протграми што придонесоа за задржување на кредитиниот рејтинг во услови ка криза, со добивање поповолни услови, рече министерот Бесими.