Беслимоски: Цевководот што минува низ Бугарија може да служи како транзитен вод за гас за С.Македонија

121

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во континуитет ја следи состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот. Во однос на најавите од страна на Русија за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија, и дали тоа ќе се одрази во снабдувањето на земјава Ве информираме дека цевководот што минува низ Бугарија може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава има, вели преседателот на РКЕ, Марко Беслимоски.

Тој посочува дека „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас ги има подмирено обврските кон Газпром навреме што подразбира стабилна испорака на природен гас.

Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас.Упатуваме на нашата легислатива која согласно членот 13, став (7) од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „ да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија“ во случај да нема природен гас. Што значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво, информира Беслимоски.