Почнувајќи од денеска, сите нови и постојни припејд корисници на Вип можат да уживаат ова лето во бесплатен Facebook на својот мобилен телефон во секое време.
Во рамки на бесплатната употреба на Facebook, припејд корисниците можат да постираат, коментираат, закачуваат фотографии, да споделуваат содржини, да додаваат пријатели. На овој начин, припејд корисниците ќе можат да бидат постојано на Facebook, затоа што сега тој е бесплатен, каде и да се наоѓаат корисниците во Македонија. Дополнително, кога и да посакаат повеќе интернет, припејд корисниците со оваа понуда добиваат и неверојатна цена од 0,1 ден./MB за секој друг интернет – сообраќај остварен надвор од Facebook, како и преку линкови поставени на Facebook кои преземаат содржини од други веб – адреси.
Опцијата бесплатен Facebook е автоматски достапна на сите нови Вип припејд корисници. Постојните корисници коишто имаат направено надополнување на припејд сметката во последните 24 часа, може да ја активираат бесплатно преку SMS со содржина START FB на 1450. Валидноста на оваа опција е 30 дена, по што треба повторно да се активира. Опцијата е достапна за активирање во ограничен промотивен период.
“Следејќи ги потребите на корисниците за достапност на Facebook во текот на летото насекаде каде што се движат, ја создадовме оваа понуда која ќе им овозможи безгрижно лето и постојана поврзаност со сите случувања на Facebook на нашите припејд корисници. Ова е единствена понуда што Вип ја подготви за своите припејд корисници, кои покрај бесплатниот Facebook, добиваат и извонредна цена за интернет сообраќај. Се разбира, во Вип нудиме секогаш повеќе, па активацијата на услугата е бесплатна“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.