Луксузниот бутик хотел Nordic Light, што се наоѓа во Стокхолм, Шведска, нуди бесплатни аранжмани но само за оние кои имаат голем број пријатели на Facebook и фанови на Instagram.
Сопствениците на хотелот решија да ја искористат моќта на социјалните мрежи, па така оној што има 100.000 следбеници на Instagram, 2.000 пријатели на Facebook или 100.000 фанови на својата фан страна добива седум бесплатни ноќевања во текот на годината.
Сепак, гостинот мора да возврати за услугата така што на својот Facebook профил ќе објави пост кога ќе ја направи резервацијата, ќе се чекира кога ќе пристигне и кога ќе замине. Во постот мора да бидат споменати веб страната на хотелот и нивната фан страна на Facebook.
За корисниците на Instagram се применуваат слични правила, па така во сите нивни објави мора да стои #nordiclighthotel, задолжително е тагнување кога сте таму и кога се чекирате.
Доколку имате 5.000 фанови на Instagram, ќе добиете попуст од 5%, а за 1.000 пријатели на Facebook попустот изнесува 10%. Инаку цената за ноќевање е 290 евра.