Бесплатен телефонски број за пријавување на небезбедна храна

44

hrana-koja-znachi-zhivot-88348 Агенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој 24 часа може да се пријавуваат неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Ќе може да се даваат и предлози за унапредување на работата на Агенцијата.
Граѓаните имаат право на анонимни јавувања, а доколку остават податоци, име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување.
Јавувањата на потрошувачите ќе бидат снимени.