Бесплатна апликација DinersClubMK за iOS уреди

20

Дајнерс клуб Македонија вчера ја промовираше бесплатната апликација DinersClubMK, која е изработена за iOS уреди, односно iPhone, iPad и iPod touch.

Ова е прва апликација од ваков вид во Македонија, изработена за финансиска институција, а втора на светско ниво на DCI.

Со апликацијата се овозможува брз и едноставен пристап до сите новости, следење промоции, секојдневни попусти и понуди на денот од продажни места.

Сите корисниците на оваа апликација ќе можат да пребаруваат банкомати, трговски центри или продажни места по категории, градови и оддалеченост. Апликацијата нуди и геолокациски услуги преку кои кориснците ќе можат да ја видат најблиската потребна локација.