Бесплатна поддршка за дизајнери преку предакцелераторска програма за стартапи

1

slika

Програмата Зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), имплементирана од страна на Свисконтат (Swisscontact) и ПРЕДА Плус, финансирана од страна на Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC), а во соработка со ЦЕЕД Хаб Скопје, овозможува бесплатна 12 неделна менторска поддршка/обука за дизајнери претприемачи, како и за новоосновани стартапи, кои имаат интерес да ги прошират своите услуги и својот бизнис. Покрај обуката, дизајнерите ќе добијат пристап и до компании коишто имаат потреба за развој на продукт, со можност истиот да биде откупен, како и поврзување со клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија за презентација на дизајни и фасилитирање на можна деловна соработка.

Во предакцелераторската програма можат да се вклучат 10 стартапи коишто ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Дизајнери кои размислуваат да започнат сопствен бизнис/старт-ап
  • Новоосновани стартапи, кои имаат интерес да ги прошират своите услуги и својот бизнис
  • Активно учество на 12 неделна обука (минимум два пати неделно по три часа)
  • Потпишување на договор со ИМЕ проектот за прифаќање на условите

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк: https://www.facebook.com/ime.org.mk/posts/1334461899976999.

Крајниот рок за аплицирање е 25 мај 2017.

Апликацијата може да ја пополните на следниот линк https://goo.gl/forms/XpkmMdkb1B2TdIhv2.

За сите дополнителни информации, обратете се на следниве е-адреси: ehadji-pecova@ceed-macedonia.org и emilija.jovanova@swisscontact.org.