Бесплатни часови по јога за трудници во СЦ Борис Трајковски

60

Спортскиот Центар Борис Трајковски во соработка со Министерстото за Здравство, организираат бесплатни часови по јога за трудници.

“Како одговорен за СЦ Борис Трајковски, ми претставува задоволство што денеска претставуваме проект, за кој веруваме дека ќе има голем одзив и интерес. Во соработка со Министерството за Здравство, СЦ Борис Трајковски ќе биде првата институција во Република Македонија, во која ќе бидат организирани бесплатни часови по јога за трудници. Грижејќи се за здравјето на идните мајки, преку искористување на бенефитите на јогата, веруваме дека ова е одлична нова активност, која само ќе ја дополни и онака богатата спортска понуда на СЦ Борис Трајковски. Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази согласно развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар за својата физичка способност како би се избегнале несакани последници. Дополнително, благодарение на Министерството за здравство, на секој час ќе биде присутно медицинско лице за дополнително зголемување на сигурноста кај трудниците”, изјави Златко Перински, директор на СЦ Борис Трајковски.

Часовите по јога за трудници ќе се оддржуваат двапати неделно, а во зависност од интересот ќе бидат определени и нови термини. За почеток, термините се: Група 1: понеделник и четврток од 17:00 часот; Група 2: вторник и петок од 17:00 часот; Група 3: среда и сабота од 17:00 часот.

Инструктор на часовите по јога за трудници ќе биде Ивица Митов, а како датум за почеток на истите е одреден 1-ви март 2015 година.