Бесплатни телефонски разговори меѓу Србија, Словенија и БиХ

41

telefonКомпаниите SBB, Телемах Словенија и БиХ, Тотал ТВ и уште 15 помали компании во сопственост на МиД Европа партнерс, ја формираа United Group, групација на водечки пеј – ТВ оператори во југоисточна Европа.

United Group на корисниците од 1 мај ќе им понуди бесплатни телефонски разговори меѓу Србија, Словенија и Босна и Херцеговина, а најавуваат и можност SSB да понуди услуга на мобилни сервиси во наредните неколку месеци, јавува Танјуг.

“Се наоѓаме во индустрија на големи бројки кои на овој начин стануваат уште поголеми и овозможуваат примена на современи технолошки решенија, договарање на подобри услови со меѓународни и домашни доставувачи, како и поместување на сите компании во Групата за чекор понапред во технолошки и сервисен дел”, изјави претседателот на Управниот одбор на Групата, Драган Шолак.

“Очекуваме со формирањето на Групата да станеме подобра компанија и дека тоа подобрување ќе биде изразено и кон нашите корисници и нашите вработени, дека ќе имаат повеќе можност да се развиваат и со заеднничка работа да придонесеме за успех на овој проект”, истакна Шолак.