Бесплатно сместување во куќата на Јулија во Верона

213

По повод Денот на вљубените, Airbnb подарува сместување во Верона за двајца во куќата на Јулија од 14 век. Среќниот пар ќе ужива во вечера којашто посебно за нив ќе ја подготви Џанкарло Пербелини, шеф со две Мишелинови ѕвезди, а за сè што ќе им биде потребно ќе се погрижи личен батлер.

Прошетка по градот инспирирана од приказната на Ромео и Јулија, исто така, е дел од наградата. Откако парот со својот приватен водич ќе заврши со прошетката, ќе може да ги прочита и одговорите на најновите писма кои се напишани до Јулија, а кои се наоѓаат во Клубот на Јулија.

За да може да ја добиете наградата, потребно ви е само креативност и знаење на англиски јазик за да го напишете писмото во кое треба да објасните зошто токму вие сте тие кои треба да ја освојат наградата и да го испратите на страницата на Airbnb до недела, втори февруари.

Фото: Airbnb