Бетон од Штип 2016 ја заврши со 23,3 милиони денари добивка

34

beton-stip

Градежната компанија Бетон од Штип прокнижи добивка од 23.388.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, добивката на компанијата беше на ниво од 47.683.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на градежната компанија лани имаа вредност од 846.078.000 денари, додека една година претходно достигнаа 753.692.000 денари.

Основна дејност на компанијата Бетон од Штип е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради во Македонија.