BetterBack – иновативен појас за правилно држење на ’рбетниот столб

192

betterback

Веќе добро знаеме дека долготрајното седење може да предизвика сериозни проблеми. Еден од начините како да одржувате правилна положба на телото додека седите е иновативниот појас Better Back.

Станува збор за појас којшто се прицврстува за нозете и на корисникот му ја дава неопходната поддршка во седењето. Во појасот се поставува ергономска пена, којашто може да го лади и стопли грбот на корисникот, во зависност од неговата потреба.

betterback-trudna

Со овој појас телото се држи во правилна состојба, а исправениот ’рбетен столб овозможува нормална работа на мускулите. Дополнително, топлинската терапија ги релаксира мускулите и ја ослободува болката.

BetterBack го собира во обична чанта, а може да се користи во канцеларија, во авион, додека учите, медитирате, јадете и слично.

Првичната верзија на BetterBack, преку Kickstarter, ја добија 22.500 лица од 80 земји. Новата и подобрена верзија повторно се најде на оваа глобална платформа за групно финансирање. Од првично побараните 12.500 долари, досега BetterBack доби околу 129.000 долари.

better-back-1