Без економија, инвестиции и бизнис, државата нема иднина

33

Без економија, инвестиции и бизнис, државата нема иднина, вели претседателот на македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во интервју за Локално.

Предупредува дека доколку брзо не се решат недоразбирањата меѓу С.Македонија и Бугарија ќе страда економијата и ќе се загрозат инвестициите вредни повеќе милиони евра.

“Клучно да се забрзаат инфраструктурните проекти како железницата кон Бугарија, експресниот пат од Куманово, односно Крива Паланка, Ранковце па до граничен премин Деве Баир, и проектирање на нов приклучок од Струмица кон граничен премин Ново Село, магистрала која ќе биде премногу важна на пример Скопје – Штип – Радовиш – Струмица и излез кон Ново Село, ќе ги спои коридорот 10 со коридорот 8 во тој правец. Ние како комора сугерираме во иднина да се проектира и автопатско решение кон Бугарија и секако кон Албанија за да има смисла коридорот 8 во целина“, вели Лазаров за Локално.

Фото: Freepik