
Индексот на лична потрошувачка во Соединетите Американски Држави, кој е клучен индикатор за инфлација за Федералната резервна банка, се зголеми во април за 0,4 проценти на месечна основа, додека годишната инфлација изнесуваше 3,8 проценти, објави денес Министерството за трговија на САД.
Економистите анкетирани од Дау Џонс очекуваа раст од 0,5 проценти на месечна основа и 3,8 проценти на годишна основа, објави CNBC.
Основната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, се зголеми за 0,2 проценти во април, додека остана на 3,3 проценти на годишно ниво, во согласност со пазарните очекувања.











