Без маски во Дизниленд само за целосно вакцинирани

Целосно вакцинирани лица ќе може да влезат во тематските паркови на Walt Disney без маски, соопштуваат од компанијата.

Ова правило, како што пренесува Ројтерс, ќе се однесува на посетители на Дизниленд во Орландо и Анахајм.

Дизниленд во калифорнискиот округ Оринџ е затворен за посетители од март минатата година поради пандемијата, а сега стана прво место за масовна вакцинација против Ковид-19.

Паркот Дизниленд, кој е најголем работодавач во округот Оринџ, ги понуди своите капацитети да стане прв центар за масовно тестирање, преземајќи одговорност во процесот на дистрибуција на вакцините.

Фото: Facebook