Без реструктуирање, Кроација ерлајнс ќе банкротира?

46

croatia airlinesКроација ерлајнс до крајот на годината мора да вложи 52,7 милиони евра во програмата за реструктуирање на компанијата или ќе се соочи со банкрот, изјави хрватскиот министер за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ за Јутарњи лист.

“Агенцијата за пазарна конкуренција донесе одлука дека Кроација ерлајнс мора да учествува во планот за реструктуирање во висина од 50% од износот што го инвестирала државата во докапитализација на компанијата”, вели министерот за Јутарњи.

Со оглед на тоа дека кон крајот на минатата година хрватската влада своите од 113,6 милиони евра побарувања кон Кроација ерлајнс ги претвори во сопственички удел, овој авиопревозник е должен половина од тој износ да инвестира во докапитализација.

“Имаме две можности. Да продадеме еден или два авиони и земјиштето во сопственост на компанијата или да најдеме стратешки партнер кој би купил 25% до 30% од Кроација ерлајнс. Доколку тоа не успее, судбината на фирмата е банкрот, а тоа сакаме да го избегнеме, затоа што би имало тешки последици за хрватската економија”, вели министерот.

Кроација ерлајнс во моментот има четири авиони А31, три авиони од типот А-2320 и шест авиони од типот Q-400. Во случај да се реализира продажба, најверојатно би се продале еден или два авиони од типот ербас и потоа би бил земен на лизинг. Компанијата во сопственост има земјиште на загрепскиот аеродром Плесо, кое е купено пред неколку години за да се гради управна зграда.