Доколку турбината за Северен тек 1 не и се врати на Русија, капацитетот на тој гасовод би можел да се преполови од 60 на 30 милиони кубни метри гас дневно, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин по самитот во Техеран во формат Астана.
Путин рече дека гасоводот Северен тек 1, кој ја снабдува Европа со руски гас, функционира со две турбини кои испорачуваат 60 кубни метри гас дневно, пренесува ТАСС.
„Ако пристигне уште една турбина, добро, ќе ги има две. Ако не, тогаш ќе работи само една, која ќе дава 30 кубни метри гас дневно“, изјави рускиот претседател, пренесе Танјуг.
Путин додаде дека компанијата „Газпром“ сè уште нема добиено официјален документ за турбината „Сименс“, која треба да биде вратена во Русија по ремонт во Канада.