AirlineRatings.com објави список на 20-те најдобри авиокомпании во светот: списокот се нарекува Top Airlines in the World и ги рангира најдобрите компании земајќи ги предвид факторите како што се безбедноста, услугата, удобноста на патниците и воздушни рути.
Првото место го зазеде компанијата Qatar Airways од Доха, пред се поради иновациите во однос на концептот на кабината, услугата за летање и посветеноста на работата за време на пандемијата ковид-19.
Интересно е што оваа компанија минатата година беше на 9-то место на истата листа. Оваа година, веднаш зад него е Air New Zealand кој беше на првото место во 2020 година.
Следат Singapore Airlines, Qantas, Emirates, Cathay Pacific, Virgin Atlantic, United Airlines, EVA Air, British Airways. На 11-то место е Lufthansa, која и минатата година се најде на истата позиција.
Следи All Nippon Airways од Јапонија која има значителен пад, бидејќи минатата година беше на третото место. На листата се најдоа и Finnair, Japan Airlines, KLM, Hawaiian Airlines, Alaska Airlines, Virgin Australia, Delta Air Lines.
На последното, 20-то место е авиокомпанијата Etihad Airways, која ја задржа позицијата од минатата година.
Фото: Pixabay