Безос денеска лета во вселената

136

Основачот на компанијата за електронска трговија Аmazon, Џеф Безос, планира да лета во вселената денеска, со уште три лица. Летот до работ на вселената треба да се реализира од Западен Тексас.

Безос, кој го основаше Blue Origin во 2000 година, со цел да искористи дел од своето богатство стекнато преку Аmazon, да развие ракетна технологија за разни деловни цели, ќе започне со своето “вонземско патување“ само девет дена откако тоа го стори милијардерот и основач на Virgin Galactic, Ричард Брансон.

New Shepard изврши 15 автоматски тест летови, без луѓе, а Безос на почетокот на јуни објави дека има намера да биде на првиот лет со екипаж.

Јавноста ќе може да го следи целото искуство преку директен пренос на Blue Origin, а мисијата се очекува да започне денес, околу 13:30 часот, доколку дозволат временските услови.

Фото: Facebook