Безос денеска се повлекува од функцијата генерален извршен директор

66

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на Amazon, денеска треба да поднесе оставка од функцијата извршен директор на оваа гигантска платформа за онлајн купување по 27 години поминати на чело на компанијата.

Безос, кој со имот вреден околу 189 милијарди долари го зазема првото место на листата на Forbes за најбогати луѓе, најави заминување од функцијата извршен директор на Аmazon во февруари, со цел да се посвети на својата вселенска компанија Blue Origin.

Аmazon, која започна да работи како онлајн книжарница уште во 90-тите години на минатиот век, стана една од највредните компании во светот, со пазарна капитализација од 1.700 милијарди долари.

Фото: Facebook