Безос ќе се ​​откаже од поголемиот дел од своето богатство

82

Џеф Безос моментално е четврти на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот.

Основачот на Амазон вреди околу 124,1 милијарда долари, а во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен, Американецот открива како планира да подари поголем дел од својата нето вредност.

Но, тие пари нема да одат „во ветер“. Имено, тој има идеја најголемиот дел од своето богатство да го посвети на борбата против климатските промени и да им даде поддршка на луѓето кои, како што вели, можат да го обединат човештвото наспроти длабоките, општествено-политички поделби.

Инаку, ова е прв пат милијардерот да објави ваков план. Сепак, критичарите го критикуваа што не го потпишал ова ветување.

Сепак, Си-Ен-Ен директно го праша дали навистина има намера да донира поголем дел од своето богатство, на што тој одговорил: „Да“.

Претходно американските медиуми пишуваа дека Доли Партон е последната добитничка на наградата Courage and Civility Award од Безос, вредна 100 милиони долари. Имено, оваа награда се доделува секоја година од 2021 година, од страна на Џеф Безос.

На гореспоменатата листа на Форбс, пред Безос се Индиецот Гаутам Адани (147,1 милијарди долари), Бернард Арно и неговото семејство (175,5 милијарди долари) и секако Илон Маск со 199,8 милијарди долари во неговиот имот