Безос отвора нови пазари – во вселената

30

Компанијата Блу Ориџин, сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека планира да развие комерцијална вселенска станица што ја нарече Орбитален гребен, во која ќе учествива и американската компанија Боинг.

Во соопштението од компанијата се наведува дека целта е  орбиталната станица да се лансира во втората половина на оваа деценија.

Британските медиуми јавуваат дека партнер во овој проект ќе биде Sierra Space, кој е дел од Sierra Nevada Corp., а ќе биде поддржан од Redwire Space, Genesis Engineering Solutions и Државниот универзитет во Аризона.

Вселенската станица Орбитален гребен ќе се користи како деловен парк со различна намена, а проектот планира да обезбеди инфраструктура потребна за зајакнување на економската активност и отворање на нови пазари во вселената, соопштија Blue Origin и Sierra Space.

„Искусни вселенски агенции, високотехнолошки конзорциуми, суверени држави без вселенски програми, медиуми и туристички компании, претприемачи, спонзорирани пронаоѓачи и инвеститори кои размислуваат за иднината – сите имаат место на Орбиталниот гребен“, се наведува во соопштението на компанијата.